На продажбаНовоградба

Трособен стан во Строг Центар Охрид 84 мкв

Центар, Охрид

Трособен стан во Строг Центар Охрид 84 мкв

По Договор

Тип на имот
Стан
Површина
84 m²
Спални Соби
2
Бањи
1
Кат
2

Опис

Станот е во нов објект во градба во строгиот центар на Охрид, во непосредна близина на охридската чаршија, главниот плоштад Свети Климент Охридски и градското пристаниште. Локацијата е од највисока, премиум категорија на атрактивност, во урбаното срце на Охрид, во чие опкружување се сите институции, градски служби, банки, маркети, бутици, ресторани, кафулиња, пекари, со одлична инфраструктурна и сообраќајна поврзаност.

Површина на стан 84 мкв. Кат 2 со лифт. Ориентација југ-запад. Паркинг во гаража со доплата по договор.

Распоред: влезен хол, дневна со трпезарија и кујна со јужна ориентација со излез на балкон, родителска спална соба со југозападна ориентација со излез на балкон, детска спална соба, бања и балкон лоѓија.

Станбениот објект се изведува согласно пропишаните архитекстонски и градежни стандарди, со највисок квалитет на градба, потврдена стабилност, енергетска ефикасност, хидро, термо и звучна изолација, ПВЦ дограма, квалитетна фасада, и материјали за ентериерот од познати бренд производители. Станот нуди можност за пријатно, комфорно домување, во објект со добро осмислен стил, дизајн и функционалност. Има можност за купување и на подземни паркинг места во станбениот објект.

Рокот за изградба на овој објект е до 2027 година.

При Вашата одлука за инвестирање во квалитетна и атрактивна недвижност во Охрид, имате уникатна можност за мудра одлука и избор на вреден дом за пријатно живеење и лесно функционирање, за времен туристички престој или издавање, на топ локација во централното охридско јадро.

Што е вклучено

Паркинг
Не е наведено
Гаража
Не е наведено
Лифт
Да
Балкон
Да
Базен
Не е наведено
Подрум
Не е наведено
Опремен
Не е наведено
Новоградба
Да

Повеќе станови на продажба во Центар

Центар, Охрид