На продажба

Се продава куќа во Оровник, со поглед на езеро

Охрид

Се продава куќа во Оровник, со поглед на езеро

160.000 €

1.127 € по m²

Тип на имот
Куќа
Површина
142 m²
Спални Соби
3
Бањи
2

Опис

Шифра 20 017

Новоизградена куќа во Оровник, на мирна и атрактивна локација, со прекрасен, непречен панорамски поглед на Охридското Езеро.

Куќата се одликува со современа архитектура, квалитетна градба, функционален распоред и комфорен простор, што ја прави одличен избор за постојано семејно домување и за втор дом за одмор и релаксација во текот на целата година.

Основни податоци

Вкупна површина на парцела: 342 м²

Земјиште под зграда: 85 м²

Дворно место: 257 м²

Станбена површина: 142 м²

Катност: Приземје + кат (П+1)

Спални соби: 3

Бањи: 2

Тераси: 3

Распоред на просториите

Приземје: Пространа дневна соба со трпезарија и кујна, со директен излез на тераса, бања и остава.

Кат: Три спални соби, две тераси и бања.

Карактеристики на објектот

Куќата е новоградба, изградена според современи градежно-архитектонски стандарди, со акцент на квалитетот на материјалите, енергетската ефикасност и комфорот на домувањето.

Внатрешна АБРИП изолација; Седумкоморна ПВЦ столарија – прозорци и врати; Лакиран ламинат со дебелина од 12 мм.

Функционален распоред на просториите

Сопствен двор од 257 м², со можност за уредување според индивидуалните потреби

Прекрасен, непречен панорамски поглед кон Охридското Езеро

Локација

Куќата се наоѓа во Оровник, во мирно природно опкружување, со одлична сообраќајна поврзаност и поволна оддалеченост од Охрид, Струга, езерското крајбрежје и Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Растојанија од недвижноста:

Охрид: 7 км

Струга: 7 км

Најблиска плажа: 2,5 км

Меѓународен аеродром „Св. Апостол Павле“: 1 км

Локацијата нуди одличен баланс помеѓу мирот и приватноста на сопствениот дом и лесната достапност до градските, туристичките и сообраќајните содржини на охридско-струшкиот регион.

Предности на недвижноста

Посебна вредност на оваа недвижност претставува прекрасниот, непречен поглед кон Охридското Езеро, во комбинација со квалитетната новоградба, сопствениот двор и близината до двата града и езерското крајбрежје.

Со својата архитектура, функционалност и атрактивна локација, куќата претставува одлична можност за постојано семејно домување или за сопствен втор дом, наменет за одмор, уживање и релаксација во текот на целата година.

Погледнeте ја нашата понуда на веб страната: www.kapitalohrid.mk

Контакт е-маил: contact@kapitalohrid.mk

Контакт телефони:

078/232-047, 070 331 609

Што е вклучено

Паркинг
Да
Гаража
Не е наведено
Лифт
Не е наведено
Балкон
Да
Базен
Не е наведено
Подрум
Не е наведено
Опремен
Не
Новоградба
Не

Повеќе куќи на продажба во Охрид

Охрид