На продажбаНовоградба

Нова наместена куќа со двор во Лисиче, Аеродром

Лисиче, Скопје

Нова наместена куќа со двор во Лисиче, Аеродром

90.000 €

2.143 € по m²

Тип на имот
Куќа
Површина
42 m²
Спални Соби
1

Опис

Се продава целосно нова, модерна и досега невселена куќа во Лисиче, Општина Аеродром, на улица Тодор Чангов. Куќата е изградена и уредена во периодот 2025/2026 година, со нови инсталации, кров, фасада, изолација и комплетно нов ентериер. Располага со 42 м² завршен и целосно наместен станбен простор, околу 38 м² поткровје со можност за дополнително уредување и двор/парцела од околу 100 м². Има нова кујна и купатило, нови врати и мебел, нова електрика со приклучок за струја, нов водовод, приклучок за вода и одвод, како и паркинг простор. За имотот има имотен лист. Локацијата има пристап од две улици: едната е широка и погодна за пристап и паркирање, а другата е мирна и тивка, идеална за живеење. Во близина се наоѓаат игралиште и простор за спортски активности, последната постојка на автобусот број 17 на 120 м, Стокомак на 950 м, Рамстор на 1 км, ООУ „Лазо Ангеловски“ на 1,4 км и ТЦ „Лиса“ на 1,9 км.

Што е вклучено

Паркинг
Да
Гаража
Не е наведено
Лифт
Не е наведено
Балкон
Не е наведено
Базен
Не е наведено
Подрум
Не е наведено
Опремен
Да
Новоградба
Да

Повеќе куќи на продажба во Лисиче

Лисиче, Скопје