На продажба

Се продава куќа во Стопански Двор

Волково, Скопје

Се продава куќа во Стопански Двор

120.000 €

1.237 € по m²

Тип на имот
Куќа
Површина
97 m²
Спални Соби
3
Бањи
1
Година на градба
1985

Опис

Се продава самостојна едносемејна куќа во населба Стопански Двор, Ѓорче Петров, со чист имотен лист.

Куќата е изградена во 1985 година, а целосно реновирана во 2021 година и се наоѓа во одлична состојба. Вкупната станбена површина изнесува 97 m², дополнително располага со подрум од 97 m², како и пространа дворна површина од 1240 m².

Објектот е на високо приземје и има функционален распоред кој вклучува дневна соба, трпезарија, нова модерно опремена кујна со шанк, три спални соби, една бања, влезен ходник и посебен ходник кој води кон спалните простории. Куќата располага и со балкон/тераса од 10 m² со источна ориентација.

Греењето е решено со централно греење на пелети преку висококвалитетна печка (Thermoflux), со нови радијатори поставени во секоја просторија и можност за индивидуално регулирање на температурата. Дополнително, обезбедена е и инвертер клима.

Куќата се продава полунаместена и е приклучена на градски водовод, канализација и електрична енергија (ЕВН). Постои можност за приклучок на интернет и телевизија преку повеќе оператори.

Во рамки на имотот има обезбедено повеќе од 4 паркинг места.

Што е вклучено

Паркинг
Да
Гаража
Не е наведено
Лифт
Не е наведено
Балкон
Да
Базен
Не е наведено
Подрум
Да
Опремен
Не е наведено
Новоградба
Не

Повеќе куќи на продажба во Волково

Волково, Скопје