На продажба

Ексклузивна куќа во Тафталиџе

Тафталиџе, Скопје

Ексклузивна куќа во Тафталиџе

По Договор

Тип на имот
Куќа
Површина
520 m²
Бањи
1

Опис

Ексклузивна куќа 520м2 на одлична локација во Тафталиџе.

Се продава луксузна куќа во Тафталиџе 2, лоцирана во мирна и атрактивна населба, идеална за семејно живеење и целосен комфор. Куќата е распределена на сутерен, приземје, кат и поткровје, со функционален распоред и квалитетна опременост.

Сутерен:

Сутеренот вклучува пространа и светла дневна соба со трпезарија, остава/винарија, бања, техничка просторија и дополнителна остава.

Приземје:

Приземјето располага со пространа дневна соба и трпезарија во отворен простор, додека кујната е одделена. Долнително, има гостински тоалет и спална соба со сопствена бања, обезбедувајќи комфор и приватност.

Кат 1:

На првиот кат се наоѓа главната спална со гардеробер, тераса и сопствена бања, дополнителна спална соба со тераса и уште еден дневен простор кој може да се користи како спална, со тераса и тоалет.

Поткровје:

Поткровјето нуди затворен базен, сауна, бања и летна кујна, создавајќи простор за рекреација и релаксација.

Дворот е уреден и нуди целосно опремена летна кујна, идеална за семејни дружења

Куќата располага со затворена гаража за два автомобили, а пред гаражата има простор за паркирање на уште двe возила. Греењето и ладењето се обезбедени со подно греење и топлински пумпи, со вградени фан-коилери кои овозможуваат рамномерна температура во целиот дом. Техничката вода е обезбедена со бојлер од 500 литри, кој гарантира постојано снабдување со топла вода.

Што е вклучено

Паркинг
Да
Гаража
Да
Лифт
Не е наведено
Балкон
Да
Базен
Да
Подрум
Да
Опремен
Да
Новоградба
Не

Повеќе куќи на продажба во Тафталиџе

Тафталиџе, Скопје