На продажба

Стан 75м2 во Центар

Центар, Скопје

Стан 75м2 во Центар

225.000 €

75.000 € по m²

Тип на имот
Стан
Површина
3 m²
Кат
0

Опис

Се продава стан на одлична и атрактивна локација во Центар, со станбена површина од 75м2, две тераси со вкупна површина од 15м2 и подрум од 26м2.

Подрумот има посебен влез, прозорци, струја, вода и парно греење, поради што може да се користи и како деловен простор или локал.

На станот му припаѓа и земјиште од околу 34м2 околу зградата. За станот, подрумот и земјиштето има посебни имотни листови.

Зградата е со приземје и четири ката, а станот се наоѓана втор кат. Изградбата е од полна цигла, со високи плафони и одлична ориентација исток–југ–запад, што овозможува природна светлина и пријатна температура во текот на целата година — топол во зима и ладен во лето.

Станот располага со парно греење, домофон, како и приклучоци за кабловска телевизија, интернет и телефон.

Зградата е реновирана и располага со:

  • реновирана фасада
  • нова влезна врата
  • PVC прозорци на скалите со природно осветлување
  • гранитни плочки во ходникот и на скалите
  • полирани дрвени гелендери
  • ново PTT сандаче
  • нови струјомери и водомери

Што е вклучено

Паркинг
Не е наведено
Гаража
Не е наведено
Лифт
Не е наведено
Балкон
Да
Базен
Не е наведено
Подрум
Да
Опремен
Не е наведено
Новоградба
Не

Повеќе станови на продажба во Центар

Центар, Скопје